
Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката за ова престижно признание се пет имиња во машка и женска конкуренција.
Во категоријата за најдобар спортист номинирани се: шахистот Тони Лазов, кикбоксерот Бобан Илиоски, атлетичарот Дарио Ивановски, кајакарот Ангел Петрушев и фудбалскиот голман Столе Димитриевски.
Во категоријата за најдобра спортистка се номинирани таеквондистката Милјана Рељиќ, каратистката Михаела Мишовска, ракометарката Сара Ристовска, кикбоксерката Леа Бошевска и фудбалерката Наташа Андонова
Покрај двете главни награди, ќе се доделат и признанија за млад спортист и спортистка на годината, најуспешен женски и машки национален тим, најуспешен спортист со инвалидитет, најуспешен тренер или селектор и најуспешна спортска федерација.
Во конкуренција за најдобар селектор номиниран Благоја Милевски, селекторот на фудбалската А репрезентација на Македонија, а во категоријата на најуспешна спортска федерација номинирана е и ФФМ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
