Столе Димитриевски ја донесе конечната одлука – македонскиот репрезентативец ќе ја брани мрежата на Леванте во новата сезона од Ла Лига.
Според шпанските медиуми, нашиот чувар на гол ја прифатил понудата на клубот од Валенсија, кој по една година пауза повторно се врати во елитата. Со тоа, Димитриевски добива нов предизвик и сигурно место меѓу стативите.
Интерес за него покажаа и Селта и Елче, но по долги преговори изборот падна на Леванте – тим во кој порано настапуваше и Енис Барди.
Откако во претходниот клуб во Валенсија не доби доволно простор, овојпат Димитриевски е најавен како прва опција меѓу стативите и ќе има можност целосно да ја потврди својата вредност во Ла Лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













