
Работнички вечерва гостува во Струмица и ќе ги одмери силите со Академија Пандев во последниот меч од второто коло од Првата фудбалска лига. Дуелот се игра во вечерен термин на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.
По триумфот (1-0) над Борец на стартот, тимот на Александар Влахо сака да продолжи во позитивен ритам и на овој натпревар. Капитенот Кристијан Стојкоски смета дека со колективен дух и максимално залагање Работнички може да ја оствари целта во Струмица.
„Премиерното издание може да не радува, одигравме квалитетен меч против Борец и успеавме да стигнеме до триумф. Сега сакаме да продолжиме во ист ритам на гостувањето во Струмица. Академија Пандев е квалитетен тим, но и ние веруваме во своите способности и доколку одиграме на потребното ниво, мислам дека можеме да оствариме позитивен резултат. Цела е да освоиме бодови и во Струмица“, вели капитенот Стојкоски.
Академија Пандев во првото коло ремизираше (1-1) против Струга ТЛ на домашен терен, додека Работнички оствари минимална победа над Борец (1-0).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
