
Крилниот напаѓач Рахим Стерлинг се сели од Манчестер Сити во Челси, а додека се чека официјалната потврда на трансферот тој веќе се прости од поранешниот клуб.
„Седум сезони, 11 големи трофеи, спомени за цел живот. До стручниот штаб кој одигра голема улога во мојот развој, до моите соиграчи кои станаа повеќе од луѓе со кои го делам теренот, до персоналот во администрацијата и канцеларијата, до навивачите кои неуморно го поддржуваа тимот и до сите вклучени во работата на клубот – мојата почит кон вас не може да биде поголема.
Благодарен сум за сите подеми и падови. Токму падовите ги тестираа мојата сила и решителност и ми дозволија да застанам пред тебе како најдобра можна верзија од себе. Во Манчестер пристигнав како 20-годишник, заминувам како маж. Ви благодариме за вашата бескрајна поддршка. Беше чест да го носам дресот на Манчестер Сити“, напиша Стерлинг.
За сето ова време, Стерлинг забележа 339 настапи за клубот на официјални натпревари и постигна 131 гол. Тој во Сити дојде во 2015 година од Ливерпул во трансфер вреден 63,7 милиони евра.
Англиските медиуми пишуваат дека Манчестер Сити го продава на Челси за 56 милиони евра.
— Raheem Sterling (@sterling7) July 13, 2022

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А

Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Залевски од Рома

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)
