
Поранешниот тренер на Милан, Стефано Пиоли, би можел многу скоро да се врати во Серија А. Искусниот 59-годишен стратег, кој моментно го води Ал-Наср во Саудиска Арабија, е меѓу опциите кои Рома ги разгледува за нов шеф на стручниот штаб.
Според информациите, Пиоли нема намера да го продолжи својот престој во Саудиска Арабија. И покрај тоа што има финансиски одличен договор, Италијанецот сака да се врати во Европа и да прифати нов предизвик.
Пиоли стана тренер на Ал-Наср во септември 2024 година, а досега има скор од 21 победа, 6 нерешени и 6 порази со тимот на Кристијано Роналдо.
Како што е познато, актуелниот тренер на Рома, Клаудио Раниери, најави дека ќе се повлече по завршувањето на сезоната. Раководството на „волчицата“ сериозно размислува да започне преговори со Пиоли како потенцијален наследник на Раниери, и покрај фактот дека Пиоли во минатото беше тренер на нивниот најголем ривал – Лацио (2014–2016).
Покрај Пиоли, како еден од најсериозните кандидати за нив тренер на Рома се споменува Џанпјеро Гасперини.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
