Капитенот на македонскиот национален тим Стефан Ристовски и неговиот клуб Динамо Загреб доживеаја шокантна елиминација од Купот на Хрватска. „Модрите“ загубија од Шибеник со 2-1 и го завршија настапот во полуфиналето на ова натпреварување.
Шибеник, по сензационалниот успех, во финалето ќе се сретне со Хајдук Сплит.
Дрмиќ во првата минута постигна гол за Динамо Загреб и сите мислеа дека тоа ќе биде рутински триумф за шампионот. Меѓутоа Шибеник израмни преку Икер Позо во 72.минута, а Дује Чоп во 93.минута го шокираше Динамо.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement