
По тешкиот пораз од Борац (1-5) во петтото коло од Премиер лигата на БиХ, фудбалерите на Сараево остро реагираа на судењето, обвинувајќи ги арбитрите за серија спорни одлуки.
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски беше најгласен во критиките, па дури и саркастично објави на социјалните мрежи:
„Добредојдовте во аматерската Премиер лига. Да живее Тито“.
Иако објавата подоцна беше избришана, според најавите, казната за него е неизбежна.
Клучен момент за Сараево беше поништувањето на погодокот за 2-2, кога арбитрите проценија дека Млинарич играл со рака. Дополнителен револт предизвика и досудениот пенал по прекршок на Ристовски.

И покрај силните реакции, тренерот Хусреф Мусемиќ остана воздржан во својата изјава:
„Резултатот не ја отсликува вистинската слика на теренот. Мораме што побрзо да се исправиме, животот продолжува. Ќе ја анализираме утакмицата и ќе извлечеме поука.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal