Connect with us

Сребрен јубилеј за Алиоски

Езгјан Алиоски вечерва ќе има уште еден дополнителен мотив да одигра квалитетен натпревар против Романија. Левиот бек денеска ќе се прослави сребрен јубилеј и ќе го одигра 50. натпревар во дресот на Македонија.


Уште еден фудбалер го очекува својот педесетти настап, Кире Ристевски. Сепак, според најавите, тој нема да биде дел од стартниот тим на селекторот Благоја Милевски, можно е да добие шанса во текот на натпреварот.

Апсолутен рекордер во фудбалската репрезентација на Македонија е легендарниот Горан Пандев кој има 122 настапи, а ја заврши репрезентативната кариера на Европското првенство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови