Фиорентина и Јувентус одиграа тврд и неизвесен меч на „Артемио Франки“, а саботното дерби од 12. коло во Серија А заврши без победник, 1:1.
Средбата стартуваше со многу емоции и контроверзи. Во 14. минута, Душан Влаховиќ влезе во дуел со Пабло Мари, падна во шеснаесетникот и судијата веднаш досуди пенал. Но ВАР се вмеша и пресуди дека токму Влаховиќ бил тој што прв повлекол, па одлуката беше поништена. Таа ситуација само ги засили навредливите и делумно расистички повици од трибините насочени кон српскиот напаѓач.
Најсериозната шанса за Фиорентина дојде во 25. минута. Моисе Кин ја поведе полуконтрата, реши сам да финишира, но ја погоди само гредата. Потоа се закани и Паризи, но мрежите мируваа сè до самиот финиш на првиот дел.
Во шестата минута од судиското продолжение на првото полувреме, Филип Костиќ ја проби одбраната на домашните. Прими топка на дваесетина метри и со силен и прецизен удар го совлада Давид де Хеа, носејќи му водство на Јувентус.
Но Фиорентина експресно возврати. Веднаш по продолжувањето на мечот, во 48. минута, Роландо Мандрагора испрати бомбастичен шут од околу 30 метри и го погоди аголот за израмнување – вистински погодок за ТВ-ревии.
До крајот, Јувентус беше поактивен. Де Хеа блесна со одбрана по ударот со глава на Меккени, а Камбијасо постојано создаваше проблеми долж десната страна. Сепак, конечниот исход не се промени.
Двата тима мораа да се задоволат со бод, иако секој имаше периоди кога можеше да го реши мечот во своја корист.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Нејмар ќе потпише нов договор со Сантос
Евро-фудбал
Левандовски од лето се сели во МЛС – лигата?
Евро-фудбал
Чави ќе го замени Мареска на клупата на Челси?
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













