
Потпретседателот на Суринам, Рони Брунсвијк, е сопственик на фудбалскиот клуб Интер Мунготапуа. Си го искористи тоа право за да одигра меч од КОНКАКАФ Лигата на шампионите. И не би било ништо чудно, ако нема 60 години. Едноставно си ја стави капитенската лента и за свој ќеиф си го одигра целиот натпревар. Се разбира, противникот Олимпија од Хондурас победи со 0-6.
„Њујорк Тајмс“ претходно го има опишано Рони Брунсвијк како бунтовник, фудбалер, ограбувач на банка и татко на најмалку 50 деца за време на неговиот живот во оваа јужноамериканска земја.
Во Европа, тој беше осуден за трговија со дрога, но е познат и како човекот кој помогна да се донесе демократијата во Суринам. Честопати се поставуваат прашања од каде потекнува неговото големо богатство.
Вечно ќе се памети еден незаборавен момент кога фрлаше пари од хеликоптер за сиромашните жители на Суринам.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
