Фудбалерот на Тотенхем, Хјонг – Мин Сон, изјави дека жали за заминувањето на менаџерот Антонио Конте од клубот и се чувствува одговорен бидејќи не успеа да ги повтори добрите игри од минатата сезона.
Сон беше најдобар стрелец во Премиер – лигата минатата сезона со 23 гола за да му помогне на тимот да заврши на четвртото место и да се квалификува за Лигата на шампионите, но оваа сезона постигна само шест првенствени гола.
Тотенхем го отпушти Конте во неделата, осум дена откако тој ги нарече своите играчи себични, по ремито 3-3 против Саутемптон, кој е загрозен од испаѓање.
„Како играч, многу ми е жал. Тој е тренер од прва класа и нашето заедничко патување беше одлично. Требаше да играм подобро. Се чувствувам одговорен за неговото заминување, бидејќи не му помогнав на клубот толку многу. Благодарен сум за тоа што го направи. Тој е одличен тренер со големо искуство. Ќе навивам за него“, изјави Сон.
Тотенхем е елиминиран од домашните куп натпреварувања, како и од Лигата на шампионите каде загуби од Милан во осминафиналето. Тимот моментално е четврти во табелата во Премиер – лигата со 49 бодови од 28 натпревари. Има два бода повеќе, но и два меча повеќе од Њукасл кој е петтопласиран.
Лондонскиот клуб в понеделник го продолжува натпреварувањето во Премиер – лигата со мечот против Евертон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах













