Манчестер Јунајтед го загуби на пенали финалето во Лигата на Европа, откако Давид Де Хеа не успеа да реализира пенал и прв погреши по дури 22 удари од белата точка. Но, тоа го остави англискиот премиерлигаш без трофеј оваа сезона, а менаџерот Оле Гунар Солскјер се согласува дека е неуспешна.
„Мора да признаеме дека со поразот во финалето на Лигата на Европа нашата сезона е неуспешна. Не одигравме најдобро што можеме. Мислам дека требаше да славиме во регуларниот тек од мечот. Започнавме подобро, бевме поактивни, но тие постигнаа гол од единствениот прецизен удар кон нашиот гол. Потоа тие добро се бранеа, а ние не создадовме многу шанси за да ги разбиеме. Единствено што ни преостанува е да продолжиме да се развиваме и да станеме посилни”, изјави Оле Гунар Солскјер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













