
Снегот ја нападна Македонија токму на стартот на пролетниот дел од првенството. Но, ако е снежно, не значи дека фудбалското надмудрување во Струмица, на дуелот меѓу Академија Пандев и Работнички ќе биде нежно.
Нови тренери, Александар Васоски и Алекзандар Влахо, многу нови засилувања и во двата тима и мотиви да се забележи успех на пролетниот старт.
„Првиот натпревар по подолга пауза секогаш е тежок, но се надевам дека ќе прикажеме добра игра и на крајот ќе извлечеме поволен резултат. Имаме одличен тим, фудбалери кои може да одговорат на моите замисли. Ќе биде ова тактичко надмудрување со Александар Влахо, со кого соработувавме во минатото во Вардар“, вели пред пролетниот старт, новиот тренер на Академија Пандев, Александар Васоски.
Александар Влахо се врати на клупата на Работнички, клубот доведе неколку квалитетни засилувања и „романтичарите“ влегуваат амбициозно во вториот дел од шампионатот.
„Работнички доби квалитетни засилувања на адекватни позиции и тимот е комплетиран според нашите замисли. Морам да истакнам дека претседателот Драган Поповски и спортскиот директор Горан Станковски завршија одлична работа во зимскиот преоден рок. Сега почнува битката за бодови и се надевам дека успешно ќе ја отвориме пролетната полусезона“, истакнува Александар Влахо.
Пролетната премиера во Првата лига е закажана за 14 часот, на комплексот на Академија Пандев. Домаќинот се наоѓа на претпоследната позиција на табелата со 17 бода, Работнички е седмопласиран со 24.
Останатите натпревари од 19.коло во Првата лига се играат утре, а се среќаваат: Вардар – Пелистер, Ренова – Беласица, Борец – Шкупи, Силекс – Шкендија, Струга Трим Лум – Македонија ЃП.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Сонот на Меси, страста на Мароко и демократијата на Катар
Светското првенство функционира секогаш и секаде. Нема ништо слично, тоа е најразновидниот настан во...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Играат добро, ама бадијала – ако не победуваат!
Каде бевте? На натпревар. Што направивте? Игравме добро. Не, не, што направивте? Резултат…Загубивме. Ама,...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
ПСЖ не го пушти Кејлор Навас во Нотингем Форест

Евро-фудбал
Реал ја одби понудата на ПСЖ за Марко Асенсио

Евро-фудбал
Реал остана без Менди во следните два месеци

Евро-фудбал
Наполи ја тресна и Рома (ВИДЕО)

Прва лига
Алтипармаковски се враќа во Брегалница
