Скандалозен прекин доживеа големото дерби на јужноамериканскиот фудбал меѓу Бразил и Аргентина на арената „Коринтијанс“ откако само десетина минути по почетокот агенти на здравствените власти на Бразил буквално упаднаа на теренот и го прекинаа мечот. Тие бараат да се испочитува одлуката која е претходно донесена, четворица аргентински репрезентативци кои пристигнале од Велика Британија веднаш да ја напуштат државата Бразил поради безбедност околу Ковид-19.
Фудбалерите на двете репрезентации останаа „скаменети“ во прв момент, но потоа се упатија во соблекувалните. Капитените на двата тима, Кашемиро и Лионел Меси се уште разговараат со делегатот на натпреварот и со бразилските здравствени власти.
los fiscales de la agencia sanitaria brasileña paralizan el partido. Quieren retirar los 4 jugadores argentinos, que vinieron de Inglaterra, del campo de juego. pic.twitter.com/YEqZUaGWo9
— Argentina Gol (@BocaJrsGoI1) September 5, 2021
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal