Connect with us

Сити го декласира Јуве (ВИДЕО)

Манчестер Сити продолжува со импресивните настапи на Светското клупско првенство, совладувајќи го Јувентус со убедливи 5-2 во натпревар кој уште еднаш ја покажа класата на англискиот шампион.

Сити поведе рано преку Џереми Доку во деветтата минута, но веќе во 11. минута, по голема грешка на голманот Едерсон, Тун Копмајнерс израмни на 1-1.

Во 26. минута, Пјер Калулу постигна автогол, враќајќи ја предноста за „граѓаните“. Во второто полувреме, машината на Пеп Гвардиола продолжи со притисок: Ерлинг Халанд зголеми на 3-1 во 52. минута, а Фил Фоден ги расеја сите надежи на „старата дама“ со погодокот за 4-1 во 69. минута.

Во 75. минута, Савињо го постигна петтиот гол за Сити, а конечните 5-2 ги постави Душан Влаховиќ во 84. минута со утешен погодок за Јувентус.

Во друг натпревар, Ал-Аин успеа да го победи Видад Казабланка со 2-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови