
Брера конечно стигна до првата победа сезонава, совладувајќи го Шкупи со минимални 1-0, додека Силекс продолжи со перфектниот старт и забележа „пет од пет“, победувајќи го Работнички со 3-1 во Кратово.
Во Струмица, херој на Брера беше Кире Стојанов, кој во 85. минута постигна одлучувачки гол. По убава акција од левата страна, Стојанов се ослободи од својот чувар и прецизно погоди во спротивниот агол. Иако првично беше досуден офсајд, ВАР прегледот по три минути го потврди голот и Брера стигна до историски три бода.
Силекс пак покажа зошто е лидер во Првата лига. Кратовци поведоа во 43. минута со гол на Хрвановиќ по удар со глава, а Ади Алиќ во 61. минута зголеми на 2-0.
Работнички накратко се врати во игра преку Џелил Асани, кој во 79. минута реализираше пенал за 2-1. Сепак, надежите на „романтичарите“ ги уништи Давид Матески, кој во самиот финиш погоди за конечни 3-1. Првично беше досуден офсајд, но потоа ВАР собата го потврди голот.
Силекс останува со максимален ефект по пет кола и ја зацврсти лидерската позиција во шампионатот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
