Селекторот на Шведска, Јане Андерсон, и капитенот на селекцијата Виктор Линделоф објаснија како на полувремето (1-1) е прекинат европскиот квалификациски меч со Белгија поради терористичкиот акт во Брисел. Најмалку двајца шведски навивачи загинаа во напад на следбеник на „Исламска држава“, што се случи пред фудбалскиот натпревар.
Фудбалерите и стручниот штаб на Шведска трагичната вест ја дознаа на полувремето.
„Се вративме на пауза и ја добивме оваа информација. Веднаш почувствував огромна тага и се прашував, во каков свет живееме денес? Ужасно ми е жал“, изјави селекторот на Шведска, Јане Андерсон.
Кога почнавме да разговараме за тоа со играчите, бевме 100% едногласни дека не сакаме да играме, од почит кон повредените и нивните семејства“, продолжи селекторот на Шведска.
Капитенот на шведската репрезентација Виктор Линделоф ги презеде работите во свои раце на полувремето.
„Се обидов да разговарам со сите играчи за тоа како се чувствуваат, а потоа почувствував дека морам да разговарам со белгиските играчи и да објаснам како гледаме на ситуацијата. Како што рече селекторот, бевме многу јасни дека не сакаме да продолжиме, на Белгијците им објаснивме сѐ и тие целосно се согласија“, вели Линделоф.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













