Connect with us

Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Шкупи конечно се враќа дома. По неколку месеци играње далеку од Чаир, клубот најави дека дуелот со Македонија Ѓорче Петров, закажан за сабота (20 септември), ќе се одигра на нивниот стадион.

Причината за преселбата беше недоволната инфраструктурна подготвеност за ВАР системот, што дури резултираше и со службен пораз против Силекс.

Сега, пред сопствените навивачи, тимот ќе се обиде да ја прекине црната серија која трае од стартот на сезоната. По шест одиграни кола Шкупи е последен на табелата без ниту еден освоен бод.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови