Шкупи продолжува со ангажирање нови имиња за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. На ред дојде потписот на 24-годишниот офанзивен играч за врска, Луис Филипе Гуедес Рибеиро, Португалец со германски пасош.
Чаирчани, кои неодамна добија зелено светло од ФИФА за регистрација на нови фудбалери, активно го пополнуваат ростерот, а ангажманот на Рибеиро се смета за сериозен чекор во изградбата на конкурентен тим.
„Доаѓа од престижната академија на Спортинг и со вредно искуство во португалскиот фудбал, Луис носи сила, квалитет и професионализам во нашиот тим. Со нетрпение го очекуваме неговиот придонес на теренот. Добредојде во нашето семејство, Луис“, порачаа од клубот преку официјалните канали.
Иако клубот го претстави како играч кој доаѓа од португалската школа, Луис Рибеиро целата своја досегашна кариера ја мина во Германија, настапувајќи за неколку екипи, а во Шкупи пристигнува од редовите на Туркспор Дортмунд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Партизан го смени тренерот Срѓан Благојевиќ













