
Лидерот Шкендија денеска (13.30 часот) се соочува со Ренова и има поправен испит по ремито што во минатото коло го одигра против Работнички. Тимот на Ернест Ѓока, според последните информации, нема да биде комплетен и поради коронавирусот. Сел од фудбалерите на Шкендија појавиле симптоми и се изолирани, но, сепак, тоа не се носителите на играта. Во секој случај, тешка задача за Шкендија да го одбрани врвот на табелата.
Обврската е јасна, сите што ќе добијат шанса ќе треба да ја оправдаат и да донесат три нови бода. Ренова е при дното на табелата, но далеку од тоа дека е слаб тим. По настапот во Европа, „гипсарите“ никако не можат да фатат добар ритам во македонското првенство. Ова дефинитивно е важен натпревар и за двете екипи. Ќе биде интересно во Тетово.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
