Connect with us

Шкендија со тешка, но вредна победа против Башкими

Актуелниот првак Шкендија со 2-1 го совлада новиот прволигаш Башкими во дуелот што го отвори петтото коло од Првата македонска лига. Иако играта на избраниците на Јетон Беќири по репрезентативната пауза не беше на највисоко ниво, трите бода сепак останаа во Тетово.
Башкими, пак, покажа дека не се плаши ниту од најсилните противници и дека ќе биде непријатен ривал за сите.

Домашните поведоа во 25. минута, кога Решат Рамадани најдобро се снајде по еден корнер и со удар со глава ја затресе мрежата на гостите.

Во второто полувреме, во 53. минута, Фабрис Тамба зголеми на 2-0 и изгледаше дека Шкендија сигурно чекори кон победата. Но, Башкими доби шанса да се врати во 76. минута, откако ВАР-собата сигнализираше игра со рака на Фетаи.


Нермин Хаџиќ беше прецизен од белата точка и го намали резултатот на 2-1.

И покрај обидите на гостите да стигнат до израмнување, резултатот остана непроменет.
Шкендија со овој триумф стигна до 10 бодови од четири одиграни натпревари, а тимот сè уште има и еден заостанат дуел против Работнички, кој ќе се одигра во дополнителен термин.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови