
Мораше да одигра продолженија, но Шкендија на крајот ја оправда улогата на фаворит и избори пласман во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, елиминирајќи го велшкиот првак ТНС со вкупен резултат од 2-1. По ремито без голови на гостински терен, тетовци вечерва стигнаа до значајна европска победа пред своите навивачи.
Овој триумф не само што ѝ носи двомеч против реномираниот романски клуб ФЦСБ, туку ѝ гарантира и минимум уште шест натпревари на европската сцена ова лето. Доколку не успее да ја мине пречката наречена ФЦСБ, Шкендија ќе се пресели во третото квалификациско коло од Лигата на Европа, а во случај на нова елиминација, ќе добие уште една шанса преку плејофот за Конференциската лига.
Покрај спортскиот ефект, клубот од Тетово може да очекува и значителна финансиска добивка. Ако се следи европскиот пат како што е предвидено, Шкендија би можела да заработи дополнително, околу два милиони евра, сума што дополнително може да се зголеми со нови успеси.
Првиот натпревар против ФЦСБ е закажан за наредната седмица, а Шкендија ќе биде домаќин.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тросар го чува врвот за Арсенал (ВИДЕО)

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец
