Актуелниот првак Шкендија ќе се обиде да ја урне бариерата од пет натпревари без постигнат гол на денешниот градски дуел против Ренова. Во првото коло, и покрај доминацијата, Шкендија не постигна гол на гости против Тиквеш, а претходно тоа не им успеа на тетовци и на четирите европски натпревари.
„Точно е дека на првиот натпревар против Тиквеш не успеавме да победиме, но мислам дека одигравме многу добар натпревар, напаѓачка игра со многу шанси за постигнување гол. За жал ни недостасуваше реализација, но мислам дека против Ренова ќе ја повториме напаѓачката игра и се надевам дека ќе успееме да постигнеме гол, да освоиме три бода и да уживаме со навивачите. Играњето против Ренова, секако, не е лесно, бидејќи ние сме тимови што се познаваат, но мислам дека имаме подобар тим и ќе успееме да победиме“, вели искусниот голгетер, Бесарт Ибраими.
Ренова во првото коло ремизираше дома (1-1) против новиот прволигаш Скопе.
Шкупи на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе ја пречека Македонија ЃП, во Велес ќе играат Борец и Тиквеш, а Скопје на „Железарница“ ќе биде домаќин на Брегалница. Струга Трим Лум на домашен терен ќе игра против Пелистер, а од 20 часот во Струмица се игра дуелот меѓу Академија Пандев и Работнички.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, ВТОРО КОЛО (17 Ч.)
ТЕТОВО: ШКЕНДИЈА – РЕНОВА
МАЏАРИ: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
АВТОКОМАНДА СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА
ВЕЛЕС: БОРЕЦ – ТИКВЕШ
СТРУГА: СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ПЕЛИСТЕР
СТРУМИЦА: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (20 Ч.)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













