
Шкендија ги заврши настапите на европската сцена оваа сезона откако во 3. коло од квалификациите за Лигата на Европа загуби на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од лондонски Тотенхем со 1-3 (0-1).
Натпреварот почна непосакувано за македонскиот тим, со брзо водство на англискиот гигант. Сон поведе акција на работ на шеснаесетникот, го проигра Ламела кој од 15 метри откосо прецисно шутира за 0-1.
И во продолжението Тотенхем го диктираша темпото, се редеа шанси пред голот на Шкендија, но Костадин Захов беше одличен на голот на тетовци, извонредно реагирајќи и во 24. минута кога спречи сигурен погодок по обидот на Деле Али.
Во второто полувреме сосема различна слика на теренот. Се загуби сигурноста и рутината на теренот на гостите, а Шкендија ја презеде контролата. Сето тоа вроди со плод во 55. минута кога по проигрувањето од одличниот Љупче Дориев, прекрасен гол постигна Валмир Нафиу кој испрати вистинска „бомба“ кон голот на Џо Харт за 1-1…
Во 62. минута нова убава акција на Шкендија. Павиќ проигран од Дориев, па од левата страна испрати убав центаршут но Ибраими со глава за малку непрецизен покрај голот на гостите.
Во 64. и во 66. минута, Тотенхем имаше две одлични можности, но Ламела и нововлезениот Хари Кејн со глава само покрај голот на Захов. Сепак, тоа што не успеаја да го реализираат Кејн и Ламела, не го пропушта Хјонг-Мин Сон во 70. минута прецизно стрелајќи за нова предност од 2-1.
Во 79. минута нова убава акција на гостите. Сон, овој пат, прецизно нафрли од левата страна а Хари Кејн со глава од десеттина метри погоди во мрежата на немоќниот Захов.
До крајот, Тотенхем само рутински ја одржуваше предноста за конечна победа и пласман во плеј-оф рундата од квалификациите за Лигата на Европа каде ќе се соочи со Макаби Хаифа која славеше против рускиот Ростов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Марко Барони е нов тренер на Торино

Интернационалци
Матеја Масев потпиша професионален договор со Црвена Звезда

Евро-фудбал
Меси го напушта Интер Мајами

Евро-фудбал
Симоне Инзаги е нов тренер на Ал-Хилал

Евро-фудбал
Лука Модриќ потпишува за Милан
