Актуелниот македонски шампион Шкендија принудно ги прекина подготовките во Словенија, бидејќи мораше навреме да аплицира за британски визи, неопходни за патувањето во Велс, каде ги очекува натпревар против ТНС во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Тетовци затоа го откажаа закажаниот пријателски меч со Олимпија Љубљана и се вратија дома веднаш по контролката со ЦСКА Софија, која заврши без победник (1-1). Плановите за подолг престој во Словенија беа скратени, бидејќи амбасадата на Велика Британија ги закажа термините за поднесување визи на 26 и 27 јуни.
Последната проверка пред патот за Велс, Шкендија ќе ја има во вторник, на 1 јули, кога во Тетово ќе се соочи со албанскиот состав Динамо Тирана.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Партизан го смени тренерот Срѓан Благојевиќ













