
Џулијан Нагелсман доби отказ, а на негово место речиси преку ноќ дојде Томас Тухел. Германскиот „Билд“, чиј новинар беше и поубавата половина на Нагелсман, ексклузивно откри кои играчи биле најголемите поборници за негова смена.
Според нивните информации, против Нагелсман биле голманите Мануел Нојер и Свен Улрих поради смената на тренерот Тапаловиќ, но и – Серж Гнабри, Лирој Сане, Џамал Мусијала, Жоао Кансело и Садио Мане, кои биле окарактеризирани како играчи кои „не се фанови“ на тренерот.
Во исто време, „Билд“ откри дека најголеми обожаватели на Нагелсман биле Германците, Џошуа Кимих и Леон Горецка, како и Матијс де Лихт, Павар и Упамекано, додека Томас Милер бил „неутрален“.
Томас Тухел денеска треба да го одржи првиот тренинг со тимот на Баерн Минхен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
