
Mинатата сезона беше успешна за Барселона со освоените титула, Куп и Суперкуп, но не сите во тимот се задоволни од начинот на кој Ханси Флик ги тера каталонците да играат. Еден од нив е Војчех Шчешни, кој јавно ја критикуваше фудбалската филозофија на германскиот тренер. На полскиот јутјуб канал „Foot Truck“ тој го изрази своето незадоволство од играта на Барселона под водство на Флик.
„Ова не е мој фудбал. Она што Барселона го направи минатата сезона е прекрасно. Изгледа одлично за гледачите. Но тоа не е мој фудбал, и дури ни успехот не го менува моето мислење за стилот што го преферирам“, рече Шчешни за офанзивниот пристап.
Полскиот голман не го сака фактот што Барса беше ранлива во одбраната. На пример, во полуфиналето од Лигата на шампионите против Интер, тимот прими вкупно седум гола во двата натпревари.
„Тимот можеше да ги препознае опасностите во играта и да не игра исто во сите 90 минути. Но, како што реков, ова не е критика. Ова е само мое мислење. Јас сум голман. И кога водиме со 4-0, а момците сакаат да дадат и петти гол, заборавајќи на одбраната, тоа ме боли. Како голман, сакам да ја сочувам мојата мрежа недопрена“, додаде тој.
Минатото лето, 35-годишниот фудбалер всушност ја заврши својата кариера, но доби повик од Барселона поради повредата на Марк-Андре тер Штеген. Потоа, Шчешни го продолжи својот договор со каталонците до 2027 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
