Голманот на швајцарската фудбалска репрезентација Јан Сомер по убедливиот пораз (6-1) од Португалија во осминафиналето на Светското првенство изјави дека неговата репрезентација не го покажала менталитетот што ја краси и додаде дека синоќа беше „многу тешка вечер“.
„Не го покажавме менталитетот кој не краси на теренот. На противникот му оставивме премногу простор, а во некои ситуации и јас не реагирав добро. Не може да се игра така в ваков тип на таков противник“, рече Сомер.
Фудбалерот од средниот ред на Швајцарија, Џердан Шаќири, изјави дека неговиот тим мора да и се извини на цела Швајцарија.
„Мораме да и се извиниме на цела Швајцарија, ова не беше нашето вистинско лице. Многу сме разочарани, нашите недостатоци беа јасно видливи. Селекторот ни даде план за игра, но тоа не функционираше, постојано бевме чекор поназад“, изјави Шаќири.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













