
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини оствари работна средба со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино во седиштето на ФИФА во Цирих, Швајцарија.
На приемот се разговараше за проектите на ФИФА Форвард во Македонија. Најголем дел од времето секако се зборува за инфраструктурата.
„Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, наоѓа време за сите нас, да нè сослуша нас и нашите проблеми додека му укажуваме за работите што се случуваат во нашите земји. Навистина сум благодарен и сакам да изразам огромна благодарност до Инфантино за издвоеното време. Добро е познато дека без инфраструктура не може да се има квалитетен фудбал. Заедно со светската организација (ФИФА), денес 90% од времето го поминавме зборувајќи за инфраструктура. Без инфраструктура не е можно да се има добар фудбал. Помошта што ја добиваме од УЕФА и ФИФА е огромна за нас во Македонија, како мала земја, но и за другите балкански земји. Тоа е важно не само за нас и за другите држави или за други помалку развиените земји, тоа е важно за развојот на фудбалот во целина“, изјави Муамед Сејдини, по средбата со Џани Инфантино во Цирих.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам

Евро-фудбал
Арне Слот: Многу ни беше потребна оваа победа
