
Прославениот црногорски ас Дејан Савичевиќ застана во одбрана на руските фудбалери и смета дека спортистите не треба да бидат жртви на одлуките кои ги носат политичарите. Русија е исклучена од сите натпреварувања и на клупски и на репрезентативен план и нема да има шанса да се бори за пласман на Светското првенство во Катар.
„Спортистите не се виновни за ништо. Ова истото го доживеа поранешна Југославија во 1992 година“, изјави Савичевиќ.
Тој потенцираше дека сепак не ја брани Русија и одлуката на претседателот Владимир Путин да ја нападне Украина.
„Не го бранам Путин, но на своја кожа почувствував како е да те исклучат од најголемиот настан за еден фудбалер поради некакви политички одлуки. Мислам дека тоа не е најдоброто решение и сега. Дури, мислам дека играњето на спортски натпревари е порака за мир и еден вид подавање рака“, истакна Дејан Савичевиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски

Евро-фудбал
Галатасарај во офанзива за Ким Мин-Јае

Евро-фудбал
Олимпик Марсеј сака да го врати Нејмар во Европа
