Казахстан приреди сензација во Астана, ремизирајќи против силната Белгија (1-1) во претпоследното коло од квалификациите за Мундијалот.
Овој резултат ѝ остава само теоретски шанси на Македонија да се бори за првото место во групата Ј. Белгијците имаат два бода предност и во последното коло го пречекуваат Лихтенштајн, што практично ја става целата ситуација надвор од наш дофат.
Астана беше сведок на рана експлозија на радост: по само девет минути Дастан Сатпаев ги доведе Казахстанците во водство, оставајќи ја Белгија во шок. Иако фаворитот се обидуваше да воспостави контрола, домаќините беа организирани, компактни и дисциплинирани. Белгија постојано притискаше, но не го наоѓаше патот до голот. Сè што ќе стигнеше до рамката завршуваше во рацете на извонредниот Темирлан Анарбеков, кој им приреди главоболки на Белгијците.
Израмнувањето дојде во 48. минута преку Ханс Ванакен, што најави финален налет на гостите. Сепак, и покрај тоталната доминација и бројните обиди, Белгија не успеа да направи целосен пресврт. Казахстан остана цврст, дури и по црвениот картон на Чесноков во 79. минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













