
Англија имаше перфектен старт на квалификациите за ЕВРО 2024 откако ги победи Италија на гости со 1-2 и Украина на домашен терен со 2-0. Селекторот Герет Саутгејт е задоволен од ефектот на гордиот Албион во првиот мини циклус, но предупреди дека нема да биде лесно и во јуни, кога Англија ќе се соочи со Малта и со Македонија.
„Задоволен сум од стартот на квалификациите, одигравме квалитетни натпревари, но исто така има и простор за одреден напредок. Одлично го комплетиравме овој прв циклус, но ништо полесно нема да биде и во јуни. Македонија и Малта воопшто не се наивни селекции и секој што однапред ќе помисли дека победил во оваа група може сериозно да се „лизне“. Ние секој натпревар ќе го играме како да е финале во овие квалификации“, изјави англискиот селектор Герет Саутгејт.
Македонија во јунскиот циклус ќе игра против Украина на домашен терен и против Англија на „Олд Трафорд“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
