Connect with us

Саудијците подготвуваат нова спектакуларна понуда за Лео Меси

Лионел Меси сè уште не планира крај на својата фудбалска кариера, иако многумина сметаа дека епизодата во Интер Мајами ќе биде последната во неговата богата професионална приказна. Аргентинецот има договор со клубот од Флорида до крајот на 2025 година, но летово би можел да се најде пред нова голема одлука.

Според информации од италијански медиуми, Саудиска Арабија повторно тропа на вратата на Меси, овојпат со понуда што финансиски ги надминува и условите на Кристијано Роналдо во Ал-Наср. Иако засега не е потврдено кој клуб точно стои зад понудата, шпекулациите упатуваат кон Ал-Хилал, најголемиот ривал на Ал-Наср.

Целта на Саудиците е јасна, да ја подигнат саудиската Про Лига на уште повисоко ниво и да ја направат најатрактивна дестинација за најголемите светски ѕвезди. Доколку Меси прифати, лигата би се здобила со спектакуларна ѕвезда која ќе се приклучи на имиња како Роналдо, Бензема, Фирмино и други.

Иако Меси засега не се огласил по повод овие натписи, не е тајна дека е сѐ понезадоволен во Интер Мајами. Во тековната сезона запиша 15 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 голови и три асистенции. Проблемите со повреди и формата на тимот дополнително го оптоваруваат.

Саудиска Арабија одамна има амбиции да го привлече Меси, но досега не дојде до договор. Сепак, новата понуда би можела да ја смени таа динамика. И не е случајно – земјата ќе биде домаќин на Светското првенство во 2034 година и активно инвестира во популаризација на фудбалот.

Прашањето сега е – дали Лионел Меси ќе прифати ново поглавје во својата кариера токму во Саудиска Арабија? Одговорот би можеле да го добиеме веќе ова лето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови