Connect with us

Саша Ќириќ за германските медиуми: Македонија не се плаши ниту од најголемите

Саша Ќириќ е еден од Македонците кои оставија најголем печат со своите игри во Бундес – лигата. Беше врвен голгетер во Нирнберг, а тоа во Германија не се заборава. Пред првиот меч меѓу Германија и Македонија, секако фокусот на германските медиуми е насочен кон него.


Тој им порача дека Македонија има одличен тим и дека не се плаши ниту од најголемите селекции.


„Ќе биде интересен натпревар. Против Романија игравме одлично, но загубивме со 3-2 во Букурешт. Бевме подобар тим, а потоа надмоќно го победивме Лихтенштајн со 5-0 во Скопје. Ние знаеме да играме многу подобро против ’големите селекции’ отколку против оние послабите. Со нас имаа проблем во минатото и Шпанија, Италија, Англија. Не се плашиме ниту од Германија, оваа генерација има квалитет за големи дострели“, изјави Саша Ќириќ.


Се разбира, најголемото име е Горан Пандев, а Ќириќ за него вели дека е икона во Македонија.


„Горан е едноставно икона во Македонија. На 37 години беше избран за најдобар спортист на државата за минатата година. Во неговиот роден град Струмица има сопствен клуб со спортски центар и мини-стадион каде игра и неговиот помлад брат Сашко“, истакна Ќириќ.

За германските медиуми најави и можно враќање во ФФМ, на голема врата.


„Четири години работев во ФФМ како директор на младата репрезентација. Ме контактираше потпретседателот неодамна по Собранието на ФФМ, се чини дека сакаат повторно да се ангажирам во федерацијата. Ќе зборуваме по натпреварот со Германија. Договорот на селекторот на А-репрезентацијата му завршува во јуни, се отвораат позиции за соработка и со актуелниот селектор на младата селекција, со кого сум одличен пријател“, изјави Ќириќ за „Норд Бајерн“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови