Connect with us

Садио Мане: Чувството повторно да тренираш е фантастично

Сенегалскиот напаѓач Садио Мане почна со тренинзи со соиграчите од Баерн Минхен, повеќе од три месеци откако се здоби со повреда поради која не настапи на Светското првенство во Катар.

„Чувството е едноставно фантастично“, изјави Мане додека излегуваше од теренот на отворениот тренинг на Баварците, на кој не учествуваа сите играчи еден ден по нивниот пораз (3-2) од Борусија Менхенгладбах во Бундес – лигата.

„Тренингот беше одличен. Многу сум среќен што се вратив во тимот. Фудбалот е мојот живот. Многу ми недостигаше. Се радувам на навивачите, фудбалот, атмосферата, постигнувањето голови и победите што ќе дојдат”, изјави Мане. изјави за клупскиот сајт на Баерн Минхен.

31-годишниот напаѓач заработи повреда на десната фибула во победата на Баерн против Вердер со 6-1 во Бундес – лигата на 8 ноември и не можеше да игра за Сенегал на Светското првенство во Катар.

„Тој е целосно здрав и нема повеќе проблеми. Теоретски, може повторно да игра по една недела на тимските тренинзи“, изјави пред неколку дена тренерот Џулијан Нагелсман.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови