Connect with us

Романците малку се насмевнаа: Марин, Чичалдау и Неделку се „негативни“, можат да играат утре

Селекторот на Романија, Марин Радои, може барем малку да воздивне откако тројца фудбалери се вратија на неговиот список за утрешниот натпревар против Македонија во Скопје. Разван Марин, Александру Чичалдау и Драгуш Неделку добија негативни тестови на Ковид-19 откако мораа дополнително да се тестираат затоа што беа во близок контакт со Јанис Хаџи. Офанзивецот на Глазгов Ренџерс е „позитивен“ и тој дефинитивно нема да може да настапи.

Селекторот Радои на вечерашниот официјален тренинг имаше на располагање само 17 фудбалери, но сега Марин, Чичалдау и Неделку се враќаат во комбинација. Најпознат од нив е Разван Марин кој речиси сигурно ќе се најде во стартниот состав на Романците.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови