Connect with us

Роберто Карлос и Жулио Цезар: Како Бразилци, должни сме да навиваме за Франција

Изненадувачки е фактот кој доаѓа од Бразил, дека една третина од жителите на оваа земја би сакале Лионел Меси и Аргентина да станат светски првави. Со оглед на нивното ривалство, јасно е дека најголемиот дел би навивале за нивниот ривал во битката за трофејот.


Расположението на нацијата го пренесоа легендарните Роберто Карлос и Жулио Цезар.

На прашањето дали ќе ги поддржи Меси и неговите пријатели, Карлос одговори:

„Не, ние Бразилците немаме друга репрезентација за која навиваме, нас нѐ интересира само нашиот тим. Аргентина и Франција направија голема работа со пласманот во финалето, нека победи подобриот.“

Жулио Цезар не беше толку дипломатски настроен и гласно истакна дека ќе навива за Франција.

„Како Бразилец, должен сум да навивам за Франција. Го сакам Меси, тој е неверојатен, игра прекрасно. Но, од ривалството меѓу Бразилците и Аргентинците не може да се побегне. Да бевме во финале со Франција, Аргентинците ќе навиваа против нас, па нема да бидам лицемер. Но, да не бев навивач на Бразил, би сакал „гаучосите“ да победат, бидејќи тие играат одличен фудбал на ова првенство“, изјави Жулио Цезар.

Финалето е закажано за 16 часот на стадионот „Лусаил“ во Катар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови