Connect with us

Ривер доминираше во Суперкласико, Рохо ја остави Бока на цедило (ВИДЕО)

Ривер Плата ја доби 256. дерби пресметка меѓу аргентински ривали победувајќи ја Бока Јуниорс со 2-1. Двоен стрелец беше Хулијан Алварез кој погоди двапати во првиот дел.

Маркос Рохо направи глупост, заработи црвен картон по само 16 минути игра на дербито и ја остави Бока Јуниорс на цедило. По ова тимот речиси и да немаше шанси да одолее на нападите на големиот ривал.

Хулијан Алварез погоди во 25,минута за водство, а пред крајот на првиот дел зголеми и на 2-0. Во завршницата, во судиското продолжение, Бока Јуниорс намали на 2-1, преку Карлос Ѕамбрано.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови