
Стефан Ристовски е роден борец, замина многу млад во Италија, издржа се, се докажа и стигна до фудбалската репрезентација на Македонија. И во националниот момент преживеа многу лоѓи и добри моменти, за на крајот да дојде шлагот и пласманот на Европското првенство.
Во емотивно видео раскажува за последните мигови од мечот во Тбилиси и пласманот на ЕП.
„Бев заменет пред самиот крај, а судијата даде продолжение од четири минути и во тој момент си помислив дали е ова реалност дека уште четири минути не делат до Европско првенство. Кога судијата досуди крај прво го прегрнав Горан, а што точно се случи потоа не можам добро да се сетам. Како да имам „црни точки“ од тоа славје. Емоциите беа измешани, не знаев дали да плачам или да се радувам. Во селекцијата сум уште од првиот ден кога Ангеловски ја презеде клупата. Тука го допрев и дното и стигнав до Европско првенство. Ова е голем успех во една кариера. Горд сум што сум тука. Драго ми е за Горан, за слекторот, што веруваше од привиот ден. Ова го велам од срце. Минавме низ тешки моменти, Градскиот стадион беше константно празен, делење од фамилија, патувања… Успеавме и до крајот на својот живот ќе бидам горд Македонец“, изјави репрезентативниот бек.
Видеото можете да го погледете на следниот линк

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими

Евро-фудбал
Гарначо ја одбил понудата од Ал-Наср

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген
