Динамо Загреб со ремито (0-0) против Хајдук Сплит на „Пољуд“ освои нов шампионски трофеј. Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски се закити со нова титула, а за клупската телевизија на Динамо Загреб истакна дека му е најслатка во кариерата.
„Возбуден сум. Имаме многу тешка сезона зад нас. Горд сум на оваа соблекувална. Имаше многу проблеми, Адеми не напушти и ова е можеби најслаткиот трофеј во мојата кариера. Во еден момент бевме малку исплашени. Нашиот капитен си замина, неколку играчи се повредија, а дресот на Динамо ништо не простува. Поминуваат само победи, но имаме нешто што нема да го изговорам. На крајот се виде кој е најсилен, а тоа сме ние – Динамо Загреб. Навивачите се нашиот 12. играч. Тие беа таму кога беше најтешко, кога не бевме најдобри, им благодариме за тоа. Се надевам дека оваа хемија меѓу нас и нив ќе потрае“, изјави Стефан Ристовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Партизан го смени тренерот Срѓан Благојевиќ













