
Ѕвездата на Евертон, Ришарлисон би можел да го замени Ромелу Лукаку во Челси. Според медиумите на Островот, Бразилецот е на врвот на листата на Томас Тухел за ново засилување на нападот.
„Сините“ од Лондон планираат во евентуалната зделка да вклучат еден или двајца свои играчи, а меѓу имињата за кои се разговара е и Кристијан Пулишиќ.
И Арсенал и Тотенхем сакаат да го привлечат Ришарлисон, но пред неколку дена беше одбиена понудата на Антонио Конте вредна 50 милиони фунти. Најголеми шанси да го купи бразилскиот репрезентативец сепак има Челси.
25-годишниот напаѓач минатата сезона постигна 10 гола на 32 натпревари во сите натпреварувања, но често го мачеа повреди. Сепак, тој придонесе многу на крајот на сезоната бидејќи Евертон се бореше да опстане во Премиер – лигата.
Договорот на Ричардсон со „карамелите“ е до летото 2024 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
