Хрватот Лука Модриќ зборуваше по ремито на Милан против Пиза (2-2) во натпревар од италијанската Серија А. „Росонерите“, кои се лидери на табелата, успеаја да дојдат до бод со гол во судиското продолжение.
„Вината што не победивме е целосно наша. Изгубивме двa важни бода. Овие домашни натпревари, со сето почитување кон Пиза, мора да се добиваат. Разочарани сме и лути, бидејќи пропуштивме голема шанса.
Тие играа со цврста одбрана, а ние ги менувавме позициите за да создадеме простор. Поголемиот дел од натпреварот тоа функционираше, но мораме да играме подобро.
Јас треба да се прилагодам, а тимот мора да игра со поголем интензитет. На домашен терен вакви средби мора задолжително да се приведуваат до победнички крај“, изјави Лука Модриќ.
Милан сега има два бода предност пред Интер, Наполи и Рома на врвот на табелата во Серија А, но и натпревар повеќе од конкурентите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар е на чекор до титулата, потребен му е само уште едне бод за...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Никола Величковски (Брера)
Брера грчевито се бори да го избеге баражот за обезбедување прволигашки статус, а младиот...
Автор makfudbal













