Connect with us

Репрезентацијата на Украина му се враќа на фудбалот: Првиот тест на 11 мај

Фудбалската репрезентација на Украина се враќа во акција и ќе го одигра првиот натпревар по руската инвазија. Пријателскиот натпревар е закажан за 11 мај, а Украинците ќе гостуваат кај Борусија Менхенгладбах.


Германскиот клуб објави дека приходите од натпреварот ќе бидат наменети за Украина и Украинците ширум светот, а жителите на земјата ќе можат бесплатно да влегуваат на стадионот.

Украинската фудбалска федерација соопшти дека националниот тим в понеделник ќе се собере на тренинг камп во Словенија. Селекцијата се подготвува за баражот за Светското првенство против Шкотска, кој поради војната беше одложен од март за 1 јуни. Победникот од овој натпревар ќе се соочи со Велс на 5 јуни.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови