
Македонија ЃП и Шкендија ремизираа без голови на дерби-натреварот во Ѓорче Петров, а Шкендија спаси пораз крај езерото во Струга со голот на Бесарт Ибраими во 82.минута. Претходно, Александар Ристевски донесе водство за Струга Трим Лум во 12.минута од мечот.
Во Ѓорче Петров, и двата тима имаа шанси за победа, но реализацијата не беше на потребното ниво. Калид Басит ја имаше најубавата шанса за ѓорчепетровци, но откако го мина и голманот Иљази загуби контрола и не успеа да шутира кон голот. Шкупи се закани преку Дембо Дарбо, Алварез, Гудијаби и Адеми, но без ефект.
Беласица и Работнички ремизираа 2-2 на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица. Дарко Размоски донесе предност за Беласица во 17.минута, но Фахрудин Ѓурѓевиќ од пенал израмни во 26.минута. Десет минути подоцна Николче Шаркоски направи пресврт, но во вториот дел, Антонио Каланоски од пенал донесе конечно реми во 58.минута.
Силекс најверојатно му пресуди на тренерот на Пелистер, Зоран Штерјовски, славејќи со 1-2 под „Туме кафе“. Бурхан Мустафов во втората минута донесе водство за кратовци, а Денис Ристов зголеми на 0-2. Почесниот погодок за Пелистер беше дело на Христијан Драгарски.
Ренова успеа да стигне до минимална победа (1-0) над Борец откако Ќатип Османи го презеде кормилото на „гипсарите“. Во 90.минута стрелец за Ренова беше Ремзифаик Селмани.
ПРВА ЛИГА, 13.КОЛО
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ШКЕНДИЈА 1-1
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ 0-0
ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС 1-2
БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ 2-2
РЕНОВА – БОРЕЦ 1-0
ВЧЕРА: ВАРДАР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 2-0
Standings provided by SofaScore LiveScore

-
ВАРДАР ПАК Е ПРВОЛИГАШ: Убедливо го победи Скопје во баражот (ВИДЕО)
Најтрофејниот македонски клуб Вардар се врати во Првата лига откако убедливо го победи ФК...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2022/23 ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга ТЛ ја освои историската прва титула шампион на Македонија, откако излезе победник во...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен ја одбрани шампионската титула

Евро-фудбал
Интер во преговори со „кралот“ Начо Фернандез

Млади репрезентации
Канатларовски повика 25 фудбалери за пријателските мечеви со Ерменија и со Малта

Евро-фудбал
Марсијал го пропушта финалето на ФА купот
