
Македонија беше дел од Европско првенство, стигна до бараж за мундијалот во Катар, па оттаму освен спортски респект кон селекцијата на Фарски Острови, не треба да се доведува во прашање резултатскиот аспект на денешниот пријателски натпревар (18 часот) на арената „Тодор Проески“.
Иако се очекува селекторот Благоја Милевски да ги измеша коцките од мозаикот, секако со шанса и за оние кои не играа против Малта, рејтингот што го има Македонија обврзува да се оствари нова победа.
“Натпреварот против Фарски Острови не смее да биде поразличен од било кој друг. Сите што се тука и кои ќе настапат го знаат тоа и мора да дадат сè од себе за да стигнеме до позитивен резултат. Треба да бидеме потполно фокусирани. Нема фаворити во денешниот фудбал и тоа ќе го кажам по којзнае кој пат. На ваков меч се испробуваат разни варијанти кои ќе ни помогнат за следните натпревари, но, секако, Македонија посакува победа“, истакнува селекторот Благоја Милевски.
А-тимот на Македонија досега нема одиграно натпревар против Фарски Острови, а селекторот Благоја Милевски како предводник на младата селекција до 21 година има триумф од 7-1 против соодветната селекција на оваа земја. Во тој тим на Македонија играа Дарко Чурлинов, Милан Ристовски, Јани Атанасов…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
