
Шпанскиот гигант Реал Мадрид го обнови интересот за играчот за врска на Наполи, Фабијан Руиз. 25-годишниот Шпанец пристигна во Наполи од Бетис и докажа дека може да игра на врвно ниво, а стандарден е и во шпанската репрезентација. „Кралевите“ сакаат на лето да го доведат на „Сантијаго Бернабеу“.
Договорот на шпанскиот интернационалец со Наполи истекува во јуни 2023 година, па на лето ќе влезе во последната година од соработката. Тоа значи дека Наполи ќе мора да го продаде доколку не сака потоа да замине како слободен агент.
Карло Анчелоти одлично го познава Шпанецот со оглед дека токму тој инсистираше да биде доведен во Наполи и верува дека би бил идеален наследник за Лука Модриќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ардон Јашари потпишува за Милан

Прва лига
Брера се засили со Босанецот Макиќ

Интернационалци
Игор Ангеловски ќе биде тренер на Приштина?
