Ливерпул му оддаде почит на Диого Жота за време на првиот пријателски натпревар ова лето на „Енфилд“, против Атлетик Билбао. Португалскиот репрезентативец, кој имаше 28 години, трагично загина во сообраќајна несреќа во Шпанија во јули, заедно со неговиот брат Андре Силва (25).
Пред почетокот на натпреварот, клупската легенда Фил Томпсон и претседателот на Атлетик Билбао, Џон Уриарте, положија венци. Електронските табли на стадионот испратија порака: „Почивајте во мир, Диого Жота и Андре Силва – You’ll Never Walk Alone“.
— Liverpool FC (@LFC) August 4, 2025
Навивачите на Ливерпул развеаја знамиња и транспаренти во чест на играчот со број 20 – број што клубот официјално го повлече ова лето. Натпреварот беше прекинат во 20-тата минута за едноминутни аплаузи, обединувајќи ги играчите, стручните штабови и навивачите.
Жота одигра 182 натпревари и постигна 65 голови за Ливерпул, со кој ги освои Премиер лигата, ФА Купот и Карабао Купот. Пристигна од Вулверхемптон во 2020 година и веднаш стана миленик на навивачите поради својата пожртвуваност и голгетерски инстинкт.
Менаџерот Арне Слот во програмата за натпреварот изјави:
„Тешко е за сите, но најмногу за семејството на Диого – неговата сопруга, децата и најблиските. Ќе го носиме неговиот дух со нас на секој чекор. Љубовта и солидарноста што ја покажаа Ливерпул и целиот фудбалски свет се длабоко трогателни.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













