Ентони, кој повеќе не е во плановите на Манчестер Јунајтед, ја одбил можноста повторно да игра со Кристијано Роналдо, откако одбил примамлива понуда за трансфер во Ал-Наср.
Саудискиот клуб бил сериозно заинтересиран за ангажман на бразилскиот офанзивец, но Ентони „одбил дури и да ја сослуша“ понудата од саудиската Про лига.
25-годишниот фудбалер, кој во 2022 година настапуваше заедно со Роналдо на „Олд Трафорд“, претходно ги одбил и понудите од бразилските клубови Ботафого и Сао Паоло.
Поранешниот играч на Ајакс не сака да се приклучи на ниту еден друг клуб освен на Бетис, каде што минатата сезона имаше исклучително успешна полусезона како позајмен играч.
Ентони дури е подготвен и на намалување на платата, само за да се врати во тимот на Севилја.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal













