Александер Исак го чека расплетот на летниот трансфер период и тоа кого Њукасл ќе донесе како нов напаѓач. Бењамин Шешко не е единствената цел, а словенечкиот голгетер сè уште ја нема донесено финалната одлука.
Шешко е пред избор: Манчестер Јунајтед или Њукасл. Двата клуба се подготвени да ја исполнат финансиската клаузула на Лајпциг и да платат колку што е потребно. Сега сè зависи од него.
Доколку Шешко се реши за преселба на „Олд Трафорд“, Њукасл ќе го насочи вниманието кон Гонсало Рамош, португалскиот напаѓач на ПСЖ, кој не е прва опција за Луис Енрике. Шпанскиот стратег почесто го користеше Осман Дембеле во офанзивата, оставајќи го Рамош на клупата.
Во Њукасл, 24-годишниот напаѓач би можел да добие поголема минутажа и значајна улога – особено ако Шешко замине во Јунајтед, а Исак се пресели во Ливерпул.
Гонсало Рамош зад себе има настапи за Бенфика и трансфер во ПСЖ вреден 65 милиони евра. И покрај тоа што минатата сезона ги освои сите домашни трофеи со парискиот клуб, не беше стандарден во тимот. За ПСЖ има одиграно 86 натпревари, постигна 33 голови и запишал осум асистенции.
Ќе видиме дали доминото ќе се активира: Рамош во Њукасл, Шешко во Јунајтед, а Исак во Ливерпул?
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













