Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски, кој го предводеше националниот тим на Европското првенство, е на добар пат по подолга пауза повторно да се врати на тренерската клупа. Според најавите од Косово, тој е најсериозен кандидат за нов тренер на косовскиот тим Приштина.
Преговорите меѓу раководството на Приштина и Игор Ангеловски се во завршна фаза, а тој треба да го наследи Арсим Тачи, кој пред неколку дена замина од кормилото.
Ангеловски по заминувањето од клупата на Македонија имаше кратки тренерски епизоди во Горица и Каспиј, а се промовираше како тренер на Работнички, со кој освои трофеи во Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal













